Промени тема
Контакт

Проблеми со услугите на Мета: Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Месенџер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarydfuoj1p8aepqfGunNnv

Фејсбук, Инстаграм и Месенџер денес повторно се соочија со технички проблеми, што претставува втор поголем прекин на услугите на Мета во последните три дена.

Според платформата „Даундетектор“, која ги следи прекините на интернет-услугите во реално време, повеќе од 3.600 корисници пријавиле проблеми со трите платформи. Најголем број пријави за Фејсбук биле регистрирани околу 13 часот.

— реклама —

Корисниците најчесто пријавувале тешкотии при најавување, користење на апликациите и пристап до веб-страниците. На Инстаграм биле пријавени проблеми со апликацијата и поврзувањето со серверите, додека дел од корисниците на Месенџер пријавиле дека не можат да испраќаат или примаат пораки.

Незадоволните корисници своето незадоволство го изразија и на социјалната мрежа Икс, каде што многумина коментираа дека ова е втор ваков прекин за само неколку дена.

— реклама —

Сличен пад на услугите беше регистриран и во неделата, кога дел од корисниците беа автоматски одјавени од своите профили и добија порака дека нивните сметки се недостапни поради технички проблем.

— реклама —

Фејсбук, Инстаграм и Месенџер се во сопственост на компанијата Мета, предводена од извршниот директор Марк Закерберг. Засега не е познато кога проблемот ќе биде целосно отстранет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања