Проблемите во Ѓорче со пробивање улици, водата, кучињата ќе ги решава Градот Скопје и Данела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
272265915_280805437374006_2759004122649087823_n

На средба со жителите на сите месни заедници во Ѓорче Петров, градоначалникот Александар Стојокоски и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ги детектираа проблемите кои се присутни и треба да се решат. За средбите, Стојкоски и Арсовска посочија дека ќе станат пракса, со цел решавање на проблемите.

— реклама —

„Со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, претставници на градските јавни претпријатија и претставници од урбаните и местни заедници од Ѓорче Петров на денешната средба во Центарот за култура ги детектиравме проблемите на моите сограѓани што се под ингеренции на Градот, со цел што поскоро решавање на истите.

— реклама —

Од страна на претставници на заедниците во Ѓорче Петров на Арсовска и службите им беа презентирани проблеми со акцент на градските улици, нивно уредување или пробивање, осветлувањето, водоснабдувањето, уличните кучиња, проблеми со броевите на куќите итн. Со градоначалничката се согласивме вакви координативни средби со Градот да станат пракса во иднина. Целта е да поставиме соодветни проекции и насоки, да се соочиме со предизвиците и активно да работиме на подобрување на секојдневнието на граѓаните“, вели Стојкоски.

— реклама —

Предлозите на граѓаните ќе бидат ставени на разгледување, за што Стојкоски додаде: Вложуваме максимални напори за што повеќе затворени прашања во иднина“.

„Месните и урбаните заедници во Ѓорче Петров се нефункционални во последните години што е одраз на несериозен пристап од страна на претходното локално раководство. Но, тоа е состојба која ја оставаме зад нас. Планиран е наскоро нов избор на раководни лица со што овие простории ќе станат филтер на информации и конечно ќе бидат во функција на граѓаните“, додаде Стојкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања