Денес во просториите на општина Гази Баба се оддржа отворен ден за граѓаните на кој градоначалникот Бобан Стефковски заедно со преставници од сите сектори на општинската администрација оддржуваа директни средби со граѓаните.
За отворениот ден, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
"Проблемот на секој еден граѓанин е и мој проблем и ќе работиме на решавање на што повеќе проблеми на нашите граѓани, бидејќи општината е тука за да им служи на граѓаните.
За таа цел денес во просториите на општина Гази Баба оддржавме отворен ден за граѓаните.
Во текот на целиот ден, јас и преставници на општинската администрација од сите сектори оддржавме директни средби со граѓаните со цел брзо и ефикасно решавање на проблемите со кои се соочуваат. Овој тип на
отворени денови со присуство на целата администрација ќе продолжи и во следниот период." - напиша Стефковски