Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Проблемот со Бугарија ќе се реши за едно попладне, ако ЕУ сака Македонија да почне преговори, вели Николоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Nikoloski2

„Кога стигаат лоши вести и од Македонија и од соседните земји тогаш и паѓа поддршката на јавното мислење во европските држави за проширување, тоа е и вистината. Но, вистината е и дека не треба да се лаже дома. Затоа што слушаме четири години дома дека не овој вторник, туку другата среда, не овој јуни, туку другиот јуни, па октомври, па не октомври туку декември ќе добиеме датум. Јас не сум многу среќен што ова ќе го кажам, но државата уназадува. Јас сум првиот кој што говореше дека ова ќе се случи. И тоа го кажав уште пролетта 2018-тата година, тука во Канал 5 беше кажав дека нема да има датум за почеток на преговори за Македонија со ЕУ“, истакна Aлександар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

„Зоран Заев го напаѓа преку своите блиски луѓе Оливер Вархеји, комесарот за проширување, еден тон колумни му изнапишаа овие поеташиве на Заев. После тоа очекуваат да го поддржи. Го напаѓаат Јанез Јанша, после седнува со Јанша да договара за проширување. Што мисли Заев дека тие немаат овдека амбасади, немаат ЕУ тука делегација, не им ги преведуваат, не им ги пуштаат текстовите“, запраша Николоски.

— реклама —

Николоски посочи дека Бугарија не е единствената пречка на Македонија да започне преговори со ЕУ.

— реклама —

„Имаше едно интервју за еден македонски медиум Јоргос Катругалос кој скоро беше министер за надворешни работи на Грција, значи не е слуачен човек, сега е пратеник во грчкиот Парламент и шеф на грчката делегација во Совет на Европа, каде што многу прецизно кажува дека не е само Бугарија проблемот“, рече Николоски.

— реклама —

„Да бидеме искрени и реални доколку клучните земји во ЕУ сметаат дека Македонија треба да почне преговори ќе го решеа проблемот со Бугарија за едно попладне или едно претпладне. И тоа се знае како се прави, ќе пуштеа едно до двајца дипломатски булдожери во Софија и во рок од неколку часа проблемот ќе беше решен“, појасни Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања