Промени тема
Контакт

Проблемот со личните карти би се решил од први септември, но и за тогаш е неизвесно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Screenshot-2021-08-19-at-11.04.38

Државата уште бара начин за да можат да се издадат преку 40.000 лични карти.

„За жал Законот за лични карти е блокиран од Левица со амандмани, иако Беса беше флексибилна да го поднесе амандманот со одложено дејство од 2023 година. Но, Левица заклучи да го блокира и со таа блокада, патат, плачат и трпат граѓаните. Преку 40.000 лични карти не се издадени а се поднесени барања од граѓаните. Некои од нив се првпат. Еден дел се истечени. Првата можност е со работа на Собранието на 1 септември да се изгласа и да се издадат тие лични карти“, рече Заев.

— реклама —

Заев смета дека најголем проблем со личните карти е што граѓаните не можат да си ги извршуваат потребите како трансакции и подигање на пензии.

— реклама —

„Втората работа е министерот за правда со сите други ресори да работат како да изнајдат начин, со одлуки, измени, правилници, критериуми да имаат можност и со истечена карта да се гласа. Граѓаните можат да гласаат покрај со лична карта и со пасош, ама сите немаат пасош. За да се заокружи тоа право, верувам дека ќе се изнајде решение. Сме имале пракса и во минатото поради истечена лична карта да не може да се издаде лична карта или од распишување на изборите кога истекле личните карти, се даваше можност и со истечен рок на важење на вакви документи да се гласа“, додаде Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања