Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Продавачка од Дрниш: Убиецот прашуваше дали камерите ќе го снимат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
Hrvatska-policija

По 28-часовна потрага, хрватската полиција го уапси осомничениот за убиството на матурантот во Дрниш.

Во големата полициска акција учествувале стотици полицајци, специјалци со долги цевки, дронови, хеликоптер и термални камери, а биле подготвени и полициски преговарачи.

— реклама —

Осомничениот бил пронајден на влезот во градот, на околу 300 метри од куќата каде што, според сомнежите, било извршено убиството.

При апсењето давал отпор, поради што полицијата употребила сила. Кај него биле пронајдени огнено оружје и нож со сечило долго 20 сантиметри.

— реклама —

Полицијата соопшти дека во акцијата биле вклучени припадници од повеќе полициски единици, а потрагата била координирана од оперативен штаб.

— реклама —

Според сомнежите, осомничениот користел бибер за да ги збуни полициските кучиња трагачи, што укажува дека однапред се подготвувал за криење.

Продавачка од Дрниш изјавила дека вечерта пред апсењето купувал паштети, конзервирана храна, бибер и пијалаци, а прашувал и дали продавницата има безбедносни камери.

— реклама —

Жителите на Дрниш претпоставуваат дека се криел во близина на железничката пруга и еден напуштен бункер, бидејќи добро го познавал теренот.

Полицијата продолжува со истрагата за целосно утврдување на околностите на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0dab39acoj3a7tjJLSn

(Видео) Бура и снег создадоа хаос во Хрватска: А1 затворен, на А6 возила заглавени во снег

Балкан | пред 1 час

— реклама —
evra

Просечната нето-плата во Загреб пораснала за 8,1 отсто за една година

Балкан | пред 2 часа

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 3 дена

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови детали за трагедијата во Хрватска: Возачот тврди дека му се слошило зад воланот, одреден му е притвор

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања