Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Нови детали за трагедијата во Хрватска: Возачот тврди дека му се слошило зад воланот, одреден му е притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Балкан
media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови детали се појавија за тешката автобуска несреќа во Хрватска, во која загинаа две патнички, а 30 лица беа повредени. Возачот на автобусот на „Ниш експрес“, кој излетал од автопатот А3 кај Иваниќ-Град, тврди дека не заспал зад воланот, туку дека ненадејно му се слошило поради здравствени проблеми поврзани со дијабетесот.

— реклама —

На 55-годишниот српски државјанин Дејан В. му е одреден едномесечен истражен притвор по барање на обвинителството, поради опасност од бегство и повторување на кривичното дело.

За време на сослушувањето, возачот изјавил дека бил одморен пред патувањето, но дека во текот на возењето ненадејно почувствувал здравствени тегоби. Со тоа ги отфрлил тврдењата на дел од патниците дека заспал зад воланот.

— реклама —

Точната причина за излетувањето на автобусот сè уште не е утврдена. Државното обвинителство најавило дополнителни вештачења за да се разјаснат сите околности на несреќата, пренесува Хина.

— реклама —

Во несреќата животот го загубиле две патнички – 53-годишна хрватска државјанка и 17-годишна државјанка на Црна Гора.

Според податоците на загрепската полиција, пет лица се здобиле со тешки повреди, а уште 25 поминале со полесни повреди. Меѓу тешко повредените има четворица српски и еден хрватски државјанин.

— реклама —

Од полесно повредените, 18 се државјани на Србија, тројца на Хрватска, а по едно лице е од Белорусија, Романија, Босна и Херцеговина и Унгарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови информации за автобуската несреќа во Хрватска: Петмина од повредените се отпуштаат на домашно лекување

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-librarymrpi3a3cq155ej0WJ7L

Пукал со огнено оружје во Хрватска, па избегал – полицијата го уапси

Балкан | пред 1 ден

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

„Ниш-експрес“ по трагедијата во Хрватска: Нема да изнесуваме претпоставки додека трае истрагата

Балкан | пред 1 ден

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000 ученици

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања