Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Нови информации за автобуската несреќа во Хрватска: Петмина од повредените се отпуштаат на домашно лекување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 минути -

Балкан
media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Петмина од повредените во тешката автобуска несреќа на автопатот А3 во Хрватска наскоро ќе бидат пуштени на домашно лекување, бидејќи нивната здравствена состојба е добра. Останатите пациенти ќе продолжат да се лекуваат во болница, соопшти министерката за здравство Ирена Хрстиќ.

— реклама —

Таа информираше дека од вкупно 11 повредени лица кои биле задржани на болничко лекување, петмина ќе бидат отпуштени, додека другите ќе останат под лекарски надзор. Изјавата ја даде на конференцијата „Здравствени предизвици на денешницата“.

— реклама —
— реклама —

Несреќата се случи во неделата на автопатот А3, во близина на Иваниќ Град, кога автобус на српскиот превозник „Ниш-експрес“, кој сообраќал на релација Белград – Загреб, излетал од автопатот и се превртел.

— реклама —

Во автобусот имало 35 лица. Во несреќата загинале две лица, а 33 биле повредени, од кои шестмина се здобиле со тешки повреди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymrpi3a3cq155ej0WJ7L

Пукал со огнено оружје во Хрватска, па избегал – полицијата го уапси

Балкан | пред 14 часа

— реклама —
media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

„Ниш-експрес“ по трагедијата во Хрватска: Нема да изнесуваме претпоставки додека трае истрагата

Балкан | пред 20 часа

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000 ученици

Балкан | пред 23 часа

nafta-mazut

Оштетен нафтовод во Хрватска, истекле 500.000 литри нафта

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања