Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Ниш-експрес“ по трагедијата во Хрватска: Нема да изнесуваме претпоставки додека трае истрагата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 14 минути -

Балкан
media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Автобуската компанија „Ниш-експрес“ изрази сочувство на семејствата на загинатите во тешката сообраќајна несреќа во Хрватска, во која автобус на компанијата се преврте на автопатот А3. Од компанијата велат дека нема да ги коментираат причините и околностите сè додека не заврши официјалната истрага.

— реклама —

„По повод тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово во 7:25 часот на патот Белград – Загреб, кај местото Иваниќ-Град, изразуваме најдлабоко сочувство на семејствата на загинатите и искрено жалење за трагичниот настан“, се наведува во соопштението испратено до српскиот портал „Телеграф“.

— реклама —

Од компанијата посочуваат дека до завршувањето на официјалната постапка не можат да изнесуваат претпоставки ниту да ги коментираат околностите што се предмет на истрага. Истовремено, им се заблагодариле на хрватската полиција, пожарникарите, итната медицинска помош и лекарите за интервенцијата и помошта на местото на несреќата.

— реклама —

На повредените им посакале брзо и целосно закрепнување, најавувајќи дека јавноста ќе биде известена по добивањето официјални информации.

— реклама —

Во несреќата на автопатот А3 во Хрватска, на делницата меѓу клучките Иваниќ-Град и Ругвица, во насока кон Брегана, загинале две лица, шест биле тешко повредени, а 27 се здобиле со полесни повреди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000 ученици

Балкан | пред 3 часа

— реклама —
nafta-mazut

Оштетен нафтовод во Хрватска, истекле 500.000 литри нафта

Балкан | пред 4 часа

media-libraryfsruevsg9hoe7b7CjQj

Хрватска воведува нови правила за вработување: Работодавците ќе мора да ја откријат платата, а нема да смеат да прашуваат колку земал кандидатот претходно

Балкан | пред 5 часа

media-libraryhsd4j422rdm05gRemPR

Хрватска предлага да испрати до 200 војници и два хеликоптера во Косово

Балкан | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања