Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Хрватска воведува нови правила за вработување: Работодавците ќе мора да ја откријат платата, а нема да смеат да прашуваат колку земал кандидатот претходно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 53 минути -

Балкан
media-libraryfsruevsg9hoe7b7CjQj

Хрватска подготвува значајни промени во Законот за работни односи, со кои работодавците ќе бидат обврзани да ги информираат кандидатите за почетната плата или распонот на заработувачката уште пред или за време на разговорот за работа.

— реклама —

Предложените законски измени, кои се на јавна расправа до 2 декември, предвидуваат поголема транспарентност на платите и дополнителни права за вработените. Новите правила ќе важат и за странските работници, меѓу кои и македонските државјани вработени во Хрватска.

Според предлогот, работодавците повеќе нема да смеат да ги прашуваат кандидатите колкава плата примале на претходното работно место. Истовремено, вработените ќе добијат право да побараат информации за просечната заработувачка на колегите кои извршуваат иста или слична работа.

— реклама —

Податоците ќе бидат поделени според пол, со цел да се откријат евентуалните разлики во платите меѓу мажите и жените.

— реклама —

Компаниите ќе мора да воспостават јасни критериуми за определување на платите, а за недоставување на бараните информации се предвидуваат и прекршочни санкции.

Предвидени се и промени кај користењето на годишниот одмор, особено за работниците кои поради болест или родителски обврски не успеале навреме да ги искористат слободните денови.

— реклама —

Хрватските власти објаснуваат дека измените се дел од усогласувањето со европските правила за транспарентност на платите. По евентуалното усвојување на законот, работодавците ќе добијат најмалку шест месеци за приспособување кон новите обврски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nafta-mazut

Оштетен нафтовод во Хрватска, истекле 500.000 литри нафта

Балкан | пред 20 минути

— реклама —
media-libraryhsd4j422rdm05gRemPR

Хрватска предлага да испрати до 200 војници и два хеликоптера во Косово

Балкан | пред 2 дена

media-libraryq9s7u9mu8rvqe9nbPVH

Новинари прикажани обесени на дрво: хрватската полиција упаси функционер поради закани кон 11 новинари

Свет | пред 2 седмици

media-libraryn1rmsm11nfn8dXvEi5G

„Мажите ми го плаќаа кокаинот за да бидат во мое друштво“ – потресна исповед на поранешната пејачка

Сцена | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања