Промени тема
Контакт

Продолжена мерката за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија од домашно производство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Dalekovod_Pari

Владата на Република Северна Македонија на 9-та редовна седница, која се одржа преку видео-конференциска интернет комуникација ја разгледа и усвои Информацијата во врска со План за производство на АД „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје за февруари и март 2022 година.

— реклама —

Согласно ова, донесена е одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 часот наутро до 24:00 часот со полна моќност, во периодот од 1 февруари 2022 година до 31 март 2022 година.

— реклама —
— реклама —

Согласно оваа мерка, АД „Електрани на Северна Македонија” - Скопје ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, согласно правата и обврските меѓусебно утврдени со склучен Договор за купопродажба на електричната енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања