Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Продолжува судењето за „Државна лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library97rfv1lc4dki4OyPmw7

Судењето за случајот „Државна лотарија“ денеска треба да продолжи во Основниот кривичен суд Скопје, откако минатата недела на властите им се предаде првообвинетиот Перпарим Бајрами, поранешен директор на Државна лотарија.

— реклама —

Бајрами, по кого беше распишана меѓународна потерница откако ја напушти земјата, на 9 септември сам се предаде на граничниот премин „Блаце“. Потоа беше спроведен во затворот во Скопје, каде што ја издржува претходно определената мерка притвор.

— реклама —

Во предметот, покрај Бајрами, обвинети се и поранешниот вицепремиер Артан Груби, Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

— реклама —

На првото рочиште, одржано минатата недела, обвинетите се изјаснија дека не се виновни. Бајрами тогаш не беше присутен бидејќи беше недостапен за органите на прогонот, додека Авдиу рече дека не го разбира обвинението и побара да му биде доставено во писмена форма на неговиот мајчин, албански јазик.

Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски. Според обвинението, во текот на 2023 и 2024 година обвинетите ги пречекориле службените овластувања, со што, како што се наведува, била предизвикана штета на „Државна лотарија“ од 596.125.511 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysbq097r26t6cfnUuv4x

Сведокот го смени исказот во случајот „Државна лотарија“, Обвинителството проверува дали имало притисоци

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryqmqd5bfhjklodY1KCRo

Груби излегува од куќен притвор, но останува без пасош – судот одби да го врати и со гаранција

Македонија | пред 1 седмица

artan-grubi

На Артан Груби вечерва му истекува куќниот притвор, судот сè уште не одлучил за враќање на пасошот

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysbq097r26t6cfnUuv4x

ВЛТ терминалите останале во магацин, се чекало одобрение од УЈП и Министерството за финансии за нивна употреба, сведочеше директор од Државна лотарија

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања