Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

Продолжи препукувањето меѓу Централен регистар и ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
271441470_1114818025997478_5364424471430536674_n

Централниот регистар испрати демант на соопштението на ВМРО-ДМПНЕ. Негираат дека правеле блокада во работата на Јавното претпријатие Водовод и канализација-Скопје и спречување за инвестирање во обновливи извори на енергија преку изградба на пречистителна станица за отпадни води во рамките на кое Јавното претпријатие предвидува да произведува биогас.

Демантот го пренесуваме интегрално:

„Централен регистар на Република Северна Македонија-ЦРРСМ во целост го демантира соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, за блокада во работата на Јавното претпријатие Водовод и канализација-Скопје и спречување за инвестирање во обновливи извори на енергија преку изградба на пречистителна станица за отпадни води во рамките на кое Јавното претпријатие предвидува да произведува биогас. Информираме дека до Централен регистар беше поднесена пријава за упис на дополнителна шифра на дејност Производство на електрична енергија, а не дистрибуција на електрична енергија или како што е наведено во соопштението производство на гас.

При разгледување на пријавата согласно Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, Законот за јавните претпријатија и Законот за комунални дејности е констатирано дека дополнителната шифра на дејност која е предмет на упис не претставува комунална дејност како дејност од јавен интерес за давање на комунални услуги за задоволување на потребите на физичките и правни лица за кои се основани Јавните претпријатија односно предметната пријава за упис не е во согласност со член 5 и член 14 од Законот за комунални дејности.

— реклама —

Централен регистар на Република Северна Македонија-ЦРРСМ како и во претходно доставеното соопштение-демант на изјавата на в.д. директорот Златко Перински на ЈП Водовод и Канализација – Скопје дадена на седницата на Советот на Град Скопје на ден 01.04.2022 година укажува дека во Законот за јавните претпријатија постои одредба која им овозможува на претпријатијата да вршат и други дејности и тоа преку издвојување на дел од претпријатието во подружница или организација на ДОО и А.Д.

Во одредбата е наведено следново, цитираме:

...Основачот, може да донесе одлука за издвојување на подружница или дел од јавното претпријатие, под услов подружницата, односно делот што се издвојува од јавното претпријатие да може непречено да продолжи со работа и да функционира посебно. Издвоената подружница, односно дел од јавното претпријатие се организира во друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво во државна сопственост, односно сопственост на општината или градот Скопје или заедно со друг вложувач во друштво со учество на државата, односно општината или градот Скопје, а дејноста ќе ја вршат под услови и начин утврдени со овој и друг закон.

— реклама —

Централен регистар го разбира интересот и потребата во инвестирање и развој на државните органи и јавните претпријатија во енергетски капацитети преку која се произведува електрична енергија за сопствени потреби и во никој случај не е пречка ниту пак е орган кој ги блокира уписите. Напротив, Централниот регистар при разгледување и постапување по пријавите за упис внимава на податоците што се запишуваат во регистрите истите да бидат во согласност со постечките законски прописи.

Дополнително, доколку подносителот на пријавата за упис смета дека донесената одлука на ЦРРСМ не е во согласност со закон, има можност да поднесе жалба до Комисијата за жалби како второстепен орган кој решава по однос на донесените одлуки од страна на Централен регистар“, стои во демантот на Централен регистар.

— реклама —

45560772_1451051438331125_5885791713213022208_n

Централниот регистар го блокира развојот на скопски Водовод, обвини опозицијата

„Централниот регистар не дозволува спроведување на едногласно изгласаната одлука на Советот на Град Скопје, блокирајќи го скопски Водовод и канализација да инвестира во обновливи извори за енергија за сопствени потреби како начин за заштита на животната средина, и остварување на дополнителни заштеди“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Двојните стандарди во постапувањето се гледа во нивното тврдење дека иницијативата на ЈП Водовод и канализација не е можно да се впише под изговор дека производство на

Скопје | пред 4 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања