Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Централниот регистар го блокира развојот на скопски Водовод, обвини опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
45560772_1451051438331125_5885791713213022208_n

„Централниот регистар не дозволува спроведување на едногласно изгласаната одлука на Советот на Град Скопје, блокирајќи го скопски Водовод и канализација да инвестира во обновливи извори за енергија за сопствени потреби како начин за заштита на животната средина, и остварување на дополнителни заштеди“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

— реклама —

„Двојните стандарди во постапувањето се гледа во нивното тврдење дека иницијативата на ЈП Водовод и канализација не е можно да се впише под изговор дека производство на електрична енергија од Националната класификација на дејности не е комунална дејност како дејност од јавен интерес за давање на комунални услуги за задоволување на потребите на физички и правни лица за кои јавните претпријатија се основаат. Истото ова не важи кога станува збор за водоводното претпријатие во Кочани кому истиот Централен регистар дозволи впишување на иста ваква дејност.

Во ваквата блокада на Централниот регистар препознаваме тенденција бидејќи:

— реклама —

ЈП Водовод и канализација во член 14 од Статутот уште во 2018-та година е утврдено дека покрај основната дејност, претпријатието извршува и други дејности:

43.2 Електроинсталерски, водоводни и канализациски инсталации и други градежни работи.

43.22 Поставување на инсталации за водовод, канализација, плин и инсталации за греење и клима уреди.

— реклама —

71. Архитектонски дејности и инженерство, техничко испитување и анализа.

Овие дејности кои не преставуваат дејности од јавен интерес се непосредно поврзани со дејностите од јавен интерес за кои јавното претпријатие е основано. Ниту тогаш кога се направени измените, ниту претходно биле пречка ваквите измени.

— реклама —

Дополнително ЈП Водовод и канализација е влезено во реализација на капиталниот проект за изградба на пречистителна станица за отпадни води во рамките на кое се предвидува и производство на биогас.

Апелираме дека производството на еко енергија исклучително влијае на остварување на заштита на животната средина и големи финансиски заштеди во работењето на претпријатието. Огромен тренд е стимулирањето на ваквото производство, освен кога политиката не е во прашање“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 8 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 9 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања