„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Продолжија протестите на ВМРО ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
48425330_1129586843883440_3497116067807887360_o

Да ја заборавиме книгата на едно време, да отвориме нова книга, книга којашто ќе нѐ води кон просперитет, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот протест пред Владата.

— реклама —

-Нашата борба штотуку почна. Ниту еден процес не е еднонасочен, нашето време доаѓа. Времето на вредните и честити Македонци допрва доаѓа, порача Мицкоски.

Тој додаде дека тие нема да се повлечат и обвини дека јавниот долг на државата е 40% од БДП.

— реклама —

По четврти пат сме заедно во овие декемвриски, студени денови. Денеска е можеби и најстудено од сите декемвриски денови, кога ја газевме истата траекторија. Но целта е иста. А, целта е една и единствена, сите заедно да им порачаме на овие внатре МАКЕДОНИЈА, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протестен марш во Скопје.

Во продолжение следува интегрален текст од обраќањето на Мицкоски:

Ќе ве замолам, ќе замолам и со еден огромен, громогласен аплауз до припадниците на МВР што се овде вечерва со нас. Ние сме ваши браќа и сестри, синови, роднини, комшии, пријатели. Ние сме само загрижени за иднината на нашата татковина и иднината на нашите семејства. Затоа сме овде и ќе останеме овде се додека не ги видиме оние натрапници како ја напуштаат оваа зграда позади нас.

Кога влегуваа внатре на ширум распослан црвен килим се колнеа во жицата, се колнеа во дедовината, се колнеа во татковината, се колнеа дури и во најмилото, во децата, дека нема да чепкаат онаму каде што најмногу боли. Не само што чепнаа туку и толку длабоко навлегоа што ќе ни требаат години да го залечиме. Некој ми вели доста зборуваш за економија, државата се распаѓа. Не се распаѓа државата, затоа сме ние тука. Затоа е ВМРО-ДПМНЕ тука и Коалицијата „За подобра Македонија“. Затоа сме ние тука и ширум улиците, и ширум булеварите, и ширум плоштадите во нашата мила Република Македонија.

Борбата штотуку почна браќа и сестри. И нема запирање додека не ги поразиме. Првата победа ќе биде на претседателските избори. Затоа мора сите заедно мотивирани и сложни да бидеме. И да истраеме, и овие декемвриски и јануарски, и февруарски месеци и март ќе дојде, а во април доаѓа големата победа која што ќе најави предвремени парламентарни избори.

Кога народот ќе дојде и ќе им каже на овие луѓе внатре излажавте еднаш ви помина, двапати не измамивте но третиот пат дојдовме по своето, а секој од вас ќе ја добие заслужената казна, најпрвин тоа што и го направи на татковината Република Македонија, тоа што го направи на нацијата и македонскиот народ и конечно на крај тоа што им го направи на сите граѓани во Република Македонија, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи и Бошњаци.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања