Продолжува активната блокада во Собранието, вели Петрушевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sobranie-6

Петрушевска:На 18 јуни народот ќе испрати силна порака дека оваа ненародна власт треба веднаш да си замине

— реклама —

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска во своето гостување на Радио Лидер зборуваше за работата во Собранието односно за однесување на Талат Џафери и посочи дека такво однесување е недозволиво.

— реклама —

-Состојбата во Собрание е многу сериозна, ние покренавме две иницијативи, имено едната е она која ја поднесовме до Комисијата за мандатно-имунитетни прашања кој што за жал е предводена од пратеник кој е дел од парламентарното мнозинство, познат по неговата променливост во однос на ставовите, но она кое го очекуваме е наредната недела да ја закаже таа комисија. Во таа комисија треба да дискутираме за одговорноста на Џафери, додека интерпелација е сумирана во однос на целата негова работа во Собранието. За жал навредите и она кое што го слушнавме искрено се срамам кон вработените и нарушувањата на човековите права, на стручните служби без разлика дали станува збор дали се со високо образование, или со средно, тоа се луѓе кои поминале толку многу мандати и ние без тие луѓе не можеме да функционираме. Недозволиво е такво однесување, а камоли во Собрание. Едно такво однесување не можеме да препознаеме никаде во Европа особено замислете ова однесување доаѓа од луѓе кои милуваат честопати да се нарекуваат прогресивна влада. Ние да имавме прогресивна влада ова утро требаше да видиме оставка од целиот „економски тим“. Ние од оваа влада очекуваме да се вразуми, рече Петрушевска.

— реклама —

Таа понатаму во текот на своето гостување порача дека потреби се избори час поскоро и дека на 18 јуни народот ќе испрати порака дека оваа ненародна власта треба да си замине.

-Денеска продолжува активната блокада во Собранието и ние заедно со народот ќе стасаме до предвремени парламентарни избори. Цениме дека навистина е алармантно она кое се случува во државата и потребни се час поскоро избори и тим кој ќе има стратегија и визија за да ја врати Македонија на правиот пат. Во она кое се случува во Македонија бара обединување, сплотеност и мислам дека ја имаме таа поддршка. На 18 јуни ќе ни се придружи народот и ќе испратиме една силна порака дека крајно време е оваа ненародна власт да си замине и да почнеме сериозно да се работи во интерес на граѓаните, додаде таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања