Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Продолжува чистењето на над 120 депонии низ Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Cistenje-deponii-2022-januari-4

Продолжува чистењето и средувањето на над 120 мапирани депонии низ Скопје.

— реклама —

„На дивата депонија во Лисиче кај Усјански канал исчистени се вкупно 538 метри кубни на смет, шут и кабаст отпад и девастирана вегетација. Исчистена е вкупна површина од 1345 метри квадратни. Кај депонијата во Кисела Вода на улица Христо Татарчев исчистена е површина од 506m2 со исчистен и транспортиран смет, шут и кабаст отпад во депонијата Дрисла. Исчистената депонија е комплетно оградена со метални столпчиња и жица во висина од еден метар.

Чистењето на дивите депонии во Скопје е приоритет во заштитата на животната средина и намалување на загадувањето на средината, а со тоа и дополнително придонесување кон зголемување на аерозагадувањето во Скопје. За првпат се изречени големи казни за лицата и компаниите кои фрлаат нелегално отпад и оваа пракса ќе продолжи и понатаму. Неселективно ќе се постапува за сите оние кои го

— реклама —

загрозуваат животот и здравјето на граѓаните.

Скопје ќе биде град без диви депонии и токму ова е еден од главните проекти на кој Град Скопје активно работи, во соработка со општините и јавните претпријатија под Градот.

Град Скопје ги повикува граѓаните да бидат совесни и одговорни граѓани кои се грижат за животната средина, бидејќи само така можеме заеднички да придонесеме кон почисто, зелено Скопје за нас и за идните генерации“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања