„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Продолжување на кризната состојба во Македонија бара Групата за процена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Денеска (27.05.2021) владината Група за процена под раководство на Стојанче Ангелов, в.д. директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), одржа седница преку видеоконференциска интернет врска, на којашто учествуваше и националниот советник за безбедност на Претседателот, којшто учествува повремено покрај законски определените членови на Групата: директорите на Агенција за национална безбедност, на Биро за јавна безбедност, на Агенција за разузнавање, раководителот на Служба за воена безбедност и разузнавање во Министерство за одбрана, заменик началник на Генералштабот на АРСМ, замениците директори на ЦУК и на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) и директор на ДЗС.

— реклама —

Раководителот на Групата за проценка, Ангелов, отвори дискусија за проценување на состојбата и утврдување на потребата за продолжување на кризната состојба. Учесниците на седницата, прво имаа кусо реферирање во однос на времетраењето на кризната состојба, а потоа и куса дискусија во врска со продолжување на кризната состојба на територијата на Република Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија. Предлог заклучоците беа едногласно прифатени.

Конкретно, сите учесници на седницата на Групата за процена, едногласно, донесоа предлог до Управувачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата на Република Македонија да достави предлог до Собранието на Република Македонија за продолжување на кризната состојба на територијата на Република Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението. Истовремено, со тој предлог придружно оди и предлогот институциите во Системот за управување со кризи (СУК) да продолжат со активностите согласно за Акцискиот план за превенција и справување со ширењето на заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CоV-2, што е донесен на Втората седница на Главниот штаб за управување со кризи, од прогласувањето на кризната состојба што се уште трае.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања