Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Проектот за Универзална сала е стручен и целосно безбеден, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
univerzalna-sala

Данела Арсовска мисли дека со лаги може да се покрие нејзината неспособност и неработење, вели СДСМ.

— реклама —

"Откако го стопираше проектот за изградба на Универзална сала, по двомесечен молк за причините поради кои го стопирала проектот, Арсовска вчера ги излажа граѓаните.

Не е точно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден. Проектот е професионално сработен и одобрен од стручни лица и целосно е безбеден.

— реклама —

Овој проект е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен. Одобрен е и од Институтот за сеизмолошки истражувања со што се потврдува неговата безбедност и стабилност за градба. Надзорот за изградба ги има одобрено сите градежни зафати.

Сите постапки и процедури за изградба на Универзална сала се запазени во целост.

Крајно време е Арсовска да престане да лаже и да се поигрува со трпението на скопјани и да почне да го работи она за што е избрана", се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања