Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Проф. д-р Павле Митрески е годинешен добитник на наградата „Патрон на градот-Св. Климент Охридски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

ОО
Sv.KlimentOhridski_2019

Проф.д-р Павле Митрески е годинешен добитник на највисокото општинско признание наградата „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“ за 2024 година. Стручната комисија за доделување општински награди и признанија во состав: Перчо Божиновски, претседател и членовите, проф.д-р Татјана Димоска, Славе Ѓорѓо Димоски, Горан Стојаноски и Горан Патчев, одлуката ја донесоа едногласно и го доставија предлогот до градоначалникот Кирил Пецаков.

Според Стручната комисија, биографијата на проф. д-р Павле Митрески се издвојува поради неговото големо високовредносно и величествено делување, темелно и темелито проучување на историјата, културата и традицијата на Охрид и Охридско.

– Проф.д-р Павле Митрески е неуморен раскажувач на минатото на Охрид и Охридско, неговата посветеност и заложба со пишани материјали и книги да се збогатуваат македонските библиотеки се од големо значење за нашиот Охрид, а преку претставувањето на охридските хроники кои денес постојат за Охрид како значајна историска лулка и центар на сите општествено политички и културни збиднувања, тој го афирмира Охрид во меѓународни рамки бидејќи од неговите книги учат најголемите промотори на Охрид и охридското културно наследство. Неговото име е длабоко врежано во современата македонска историографија. Неговото дело посветено на историјата на Македонија и македонскиот народ, со посебен акцент на Охридско – струшкиот регион, заземаат сосема заслужено и значајно место.

— реклама —

Ако се знае дека тој и припаѓа на втората генерација македонски историчари научници, тогаш со право можеме да истакнеме дека Митревски доследно и темелно се потпира и инспирира од делата на првата генерација македонски научници – историчари на чело со академик Љубен Лапе, потоа академик Александар– Цанко Христов, Данило Заграфски, Методија Соколовски и други, кои заслужено и одговорно ги удрија (за првпат) темелите на современата слободна македонска историска научна мисла.

— реклама —

Неговото творечко кредо, поточно неговото трајно вјерују засекогаш остана забележано дека само со сочуваните (а толку многу уништувани документи низ вековите за Македонија и за македонскиот народ) може да се проникне во суштината, поточно во срцевината на историската вистина што патувала и патува низ времето.

Павле Митревски ја збогати македонската историографија со над петнаесетина наслови на свои книги, но кога кон нив ќе се додаде и податокот дека тој напиша и објави во списанија и зборници уште стотина научно-стручни прилози од историјата на Охридско-струшкиот регион, тогаш целосно се комплетира неговото дело и правилото дека зад човекот останува само напишаното, односно оттргнатото од заборавот на времето, пишува во решението за доделување на наградата од градоначалникот Кирил Пецаков.

— реклама —

Највисокото општинско признание наградата „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“ за 2024 година ќе биде врачена на Свечената академија која ќе се одржи на 7-ми декември во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytsd3pera9qr97cJLx58

Пецаков: Општинскиот долг го намаливме за над 10 милиони евра, работиме на нови сообраќајни решенија, како и ново училиште

Македонија | пред 9 месеци

Kiril-Prlicev20250228011

𝟣𝟧𝟢 години од раѓањето на Кирил Прличев

ОО | пред 1 година

Nacrt-SOZS-Izvestaj-NSUT-Draft-SEA-Report-NWMS_MK-2

Јавен увид за национална стратегија за управување со тиња и извештај за стратегиска оцена

ОО | пред 1 година

145-36

Дигитализирана „Едицијата охридско книжевно наследство“

ОО | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања