Левица најави втор бран кандидати за градоначалници на претстојните локални избори во скопските општини. По долги анализи на Президиумот, партијата соопшти дека настапува со кандидати со висок професионален кредибилитет, познати во јавноста и подготвени да ги водат локалните самоуправи.
Кандидати:
Кисела Вода: проф. д-р Јане Ацевски, поранешен декан на Шумарски факултет при УКИМ, актуелен раководител на Катедрата за ботаника и дендрологија.
Ѓорче Петров: адвокат Александар Димитријевиќ, сопственик на адвокатска канцеларија, борец за социјална правда, координатор на Трудов сектор на Левица.
Карпош: Антонио Димитров, директор на Културно-информативниот центар – Скопје, со оценка дека обезбедил богата и редовна програма на институцијата.
Гази Баба: Златко Тренчевски, металуршки инженер со долгогодишно раководно искуство во повеќе компании.
Во прес-изјавата е наведено и дека Марјан Димитриев е дипломиран економист со повеќегодишно искуство во банкарскиот сектор, консултант за претприемништво и бизнис развој, со фокус на одржливи економски политики.