Професор Трајковски за епидемијата: Се смирува Скопје, но некои помали градови започнуваат да се „будат“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
dejan-trajkovski-vakcinacija

„Преносливоста на епидемијата останува минимално под единица (Rt = 0,95 ± 0,32) и просекот на дневните броеви на нови случаи продолжува да се намалува просечно за 1,5% дневно, односно околу 10% неделно. Но, за прв пат по подолго време забележуваме намалување на стапката на позитивни тестови. Нејзината седумдневна подвижна средина (црвената линија на вториот дијаграм) полека завртува надолу“, вели професорот Дејан Трајковски, кој постојано прави анализи на движењето на вирусот., кој постојано прави анализи на движењето на вирусот.

— реклама —

„Стапката на позитивни тестови ни кажува можеби и повеќе од самиот број на нови случаи, затоа што поради големото намалување на бројот на тестирањата (при раст на бројот на починати!) новите случаи се помалку ни кажуваат за трендот на епидемијата.

— реклама —

Продолжуваме со прилично големи дневни броеви. Колку подолго ова трае, расте прележаноста на населението и помал е ризикот од големо избувнување во текот на есента (всушност ние сé уште сме во бранот). Во идеален случај, како што се зголемува прележаноста, ако рамномерно попушта ефективноста на вакцините против заразување (неделава изнесува само 17%, така што не може уште многу да попушта) тогаш репродукцискиот број може да остане околу единица или малку над неа, односно новиот бран не мора да биде силен. Прерано е за заклучоци, есента и зимата се пред нас, а прогнозирањето врз основа на прележаноста не е повеќе толку лесна како порано. Сега во анализите влегува уште и опфатот со вакцинација и попуштањето на ефективноста, па варирањето на сите овие фактори многу влијае на прогнозата.

— реклама —

Последниве денови се смирува Скопје, веројатно и Куманово, но некои други помали градови започнуваат да се „будат“. Дури ни Тетово не мирува, единствено Гостивар и Дебар изгледа како да се смириле, но платена е висока цена во човечки животи“, додава тој.

/slika-37" rel="attachment wp-att-143016">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања