Професорот кој му ја дупна главата на ученик бил проблематичен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ohridski-ucilista

Професорот, што вчера напладне со метален предмет повреди ученик бил проблематичен подолг период, потврди директорката на средното училиште „Ибраим Темо“ Бесиме Јонузи за МИА.

— реклама —

Според неа, расправијата меѓу професорот и ученикот почнала завчера, а дисциплинската комисија во училиштето вчера донела одлука за негово суспендирање.

— реклама —

– Мотивот не го знаеме, затоа што со професорот сме имале проблеми години наназад. Сите институции се известени, преземени се сите законски мерки. Инцидентот почна завчера, јас вчера наутро свикав состанок на дисциплинската комисија од каде излезе одлука за негово суспендирање. Денеска требаше да ја потпишам одлуката и да го известам професорот. Не знам дали тој дозна за одлуката па се случи инцидентот, со железен бокс го удрил во глава. Викнавме полиција го приведоа, а детето го однесовме во болница, изјави Јунози за МИА.

— реклама —

Професорот привремено е суспендиран, а како што нагласи директорката, институциите ќе одлучат за негово враќање на работното место.

Инцидентот се случил денеска околу 13 часот и 30 минути, кога професорот Е.С. (57) со метален предмет го удрил средношколецот по главата. Детето било примено на одделението за Хирургија, каде било сошиено, а професорот е приведен во полиција.

 

Извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања