„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Прогласена епидемија на мали сипаници во цела држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Прогласена е епидемија на мали сипаници на ниво на цела држава, соопшти денеска Центарот за јавно здравје. Причината за ваквата одлука на Kомисијата за заразни болести при Министерство за здравство е дека бројот на евидентирани заболени од морбили од почетокот на годинава изнесува 961.

— реклама —

Епидемиологот д-р Владимир Микиќ вели дека не можат да ја воведат истата забрана за училишта затоа што според законот основното и средното образование е задолжително. Најмногу заболени се деца на претшколска возраст и затоа како мерка на ниво на цела држава ќе се симне границата за вакцинирање од 13 месечни бебиња на 6 месечни бебиња.

Во моментов, како што информираат на интернет-страницата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од 6 до 12 април се пријавени вкупно 126 случаи на мали сипаници. Вкупно, од почетокот на епидемијата, во државава се регистрирани 961 случаи на мали сипаници. Активни епидемии на мали сипаници во моментот има во шест здравствени региони (Скопје, Тетово, Куманово, Гевгелија, Кичево и Струга).

— реклама —

Епидемиологот, Владимир Микиќ, член на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство по одржувањето на состанокот на комисијата изјави дека прогласувањето на епидемијата е неопходно за да се спроведат дополнителни мерки за заштита на населението и намалување на бројот на новозаболени.

Донесени препораки и мерки за спречување на натамошно ширење на епидемијата се:

- Строго почитување на мерката за забрана на посета на градинки на невакцинирани деца со МРП на територија на цела држава;

- Забрана за посети во стационарни здравствени установи во целата држава;

- Почитување на протоколот за движење на пациентите со симптоми на мали сипаници со цел да се намали оптоварувањето на Клиниката за инфективни болести и Клиниката за детски болести, и да се намали стапката на интра- хоспитално ширење на инфекцијата;

- Сите невакцинирани здравствени работници задолжително да бидат вакцинирани со две дози на МРП;

- На сите воспитувачки и наставнички од предучилишните установи задолжително да им се провери нивниот вакцинален статус и да се вакцинираат доколку не се вакцинирани;

- Да се понуди дополнителна вакцинација со МРП за сите невакцинирани, некомплетно вакцинирани и лица без доказ за вакцинација кои се постари од 14, а помлади од 60 години;

- Да се организира два пати во неделата работа во две смени на Службите за вакцинација во рамките на Здравствените домови во целата држава, со цел полесна достапност на вакцинација на децата;

- Службите за вакцинација на неделно ниво да доставуваат податоци до ДСЗИ за деца кои не се јавиле на доставените покани за вакцинација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања