Промени тема
Контакт

Прогласена епидемија во Гостивар поради зголемен број стомачни инфекции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryi37ba75jt6a00yVsn2H

Центарот за јавно здравје Тетово – Епидемиолошката служба во Гостивар попладнево прогласи епидемија на подрачјето на Општина Гостивар, поради зголемениот број заболени од стомачни инфекции, објави порталот „Гостиварпрес“.

„Поради зголемен број заболени и надминување на лимитот на неделно ниво, пријавуваме епидемија на подрачјето на Гостивар. Редовно ја следиме состојбата, анкетираме заболени пациенти и се преземаат мерки“, информираа од Епидемиолошката служба.

— реклама —

Здравствените власти посочуваат дека состојбата и понатаму се следи на дневно ниво, а бројот на заболени со стомачни инфекции продолжува да расте.

— реклама —

Во изминатите 24 часа на Инфективното одделение во гостиварската болница биле прегледани околу 200 пациенти, додека на Одделението за педијатрија биле прегледани уште околу 110 деца. Најголем дел од нив имале симптоми како дијареја, повраќање и дехидрација.

— реклама —

Во истиот период, медицинска помош во Итната медицинска служба побарале вкупно 290 лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Поранешната директорка на „Комуналец“, Артана Асани од затворски во куќен притвор, продолжува истрагата за загадената вода во Гостивар

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 2 седмици

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања