ЕУ воведува квоти за извоз на македонскиот челик и алуминиум во траење од три години. Европската комисија во потокот попладне упатила нота до Македонија со која се известува за воведување на заштитни мерки за извоз на овие производи, чие надминување ќе ги чини компаниите 25% царина. Досега овие производи беа извезувани без царина. Ова денеска на брифинг го соопшти вицепремиерот за евроинтеграции, кој додаде дека се прават напори од страна на владата оваа мерка да не биде воведена за Македонија.
– Согласно новата формулација, земен е просекот на извоз на овие компании од 2015, 2016 и 2017 година зголемен за пет отсто раст. Сè што е над тој износ ќе биде царинето со 25 отсто. Тоа ќе значи големи проблеми за нашата индустрија на челик и алуминиум, која сериозно придонесува во БДП на државата. Проценките се дека штетата би можела да биде до 100 милиони евра на годишно ниво на извозот – рече Османи.
Привремените мерки ЕУ ги воведе во јули, а наведените конечни мерки треба да траат три години. Од Владата, вели Османи, не се откажуваат од обидите да ја убедат ЕК дека Македонија треба да биде исклучена од овие мерки.