Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Производителите на месо најавуваат повисоки цени за 20 до 40 отсто по велигденските празници ако владата не одобри бесцарински увоз на смрзнато месо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
meso

Дали зголемувањето на цените на месните преработки ќе биде за 20, 30 или можеби 40 отсто ќе зависи од тоа дали владата ќе ги врати редовно одобруваните количини од 6.400 тони за увоз на смрзнато свинско месо, односно ослободување од царина на увозот на смрзнато свинско месо за преработка, дали месната индустрија ќе биде вклучена во новите мерки и од веќе зголемените цени на месото на светскиот пазар.

— реклама —

Ова го соопштија денеска на прес-конференција од Групацијата за преработка на месо и производство на сувомесни преработки при Стопанската комора која бара да продолжи рокот на мерката ослободување од царина на увозната суровина – смрзнато свинско месо за преработка.

Групацијата тврди дека, ако не се прифати ова нивно барање ќе следи драстично зголемување на цените, а може да се очекува и згаснување на некои од преработувачките капацитети

— реклама —

До престојните празници ќе издржиме со овие цени, иако дел од компаниите веќе ги зголемија цените, но по празниците драстично ќе се зголеми цената на месните производи. Доколку не бидат ододбрени скратените количини на веќе донесената одлука – рече Гоце Трајчев, претседател на Групацијата за месна индустрија.

Тој рече дека Групацијата не бара субвенции, туку услови за работа како во соседството.

Ние не бараме субвенции, туку само еднакви услови за стопанисување, со оглед дека оваа суровина целосно ја увезуваме од ЕУ каде што нема царина. На тој начин, домашната месна индустрија ќе може да опстои и да го задржи постоечкото ниво на производство, нема да има отпуштање на вработените и не би биле на товар на државата – рече Трајчев.

Групацијата неодамна до Министерството за економија поднесе барање за враќање, односно за ослободување на скратените количини од последната мерка на Владата за укинивање на царинските давачки на замрзнато свинско месо за преработка. Денеска од Групацијата упатија апел до владата да се реализира ова барање.

извор: Република 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања