Денеска напладне се очекува да ја соопшти новата одлука за цените, кои најверојатно ќе поскапат.
Од вторникот на 8 јануари, кога и се креираа актуелните цени до денеска, барел сурова нафта на лондонската берза е поскап за околу 3 долари и повторно е над границата од 60 долари.
Во такви услови за очекување е благо зголемување на малопродажните цени, кои не треба да биде изненадување ако се зголемат за околу денар до денар и половина по литар.
При последната одлука малопродажните цени на бензините во Македонија, ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 43,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 2,227ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 25,949 ден/кг.
Останува да видиме каква одлука ќе донесе Регулаторната комисија за енергетика денеска.