Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
49824796_135803717357705_9067964452044800000_n_135803714024372

Денес се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

— реклама —

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во наредните денови ќе продолжи променливото време со повремени врнежи од дожд, а на планините и од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во недела, кога дождот ќе преминува во снег и во некои пониски места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето, со опаѓање на утринските температури и пораст на дневните.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања