Промени тема
Контакт

Промовиран проект за „Подобрување на условите со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија-Охрид, набавка на опрема и дигитализација“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Kardiologija_20122022002

Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков присуствуваше на пригодниот настан за промоција на инвестицикиот проект „Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија-Охрид, набавка на опрема и дигитализација“. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот се осврна на важноста на овој проект и упати благодарност до сите кои се заслужни за неговoто реализирање.

– Ми претставува особено задоволство и чест што денеска сум дел од промоцијата на важен инвестициски проект, со кој значително ќе се подобрат условите за лекување и третман на пациентите во оваа престижна здравствена установа.

— реклама —

Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ е гордост за Охридскиот регион, но и вистински пример за успешна здравствена институција во нашата држава. Се радувам што важноста на оваа болница беше препознаена и вреднувана од страна на Центарот за развој на југозападниот плански регион, Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, кои ја поддржаа реализацијата на овој проект, вреден нешто повеќе од 23 милиони денари.

Реконструктивните зафати кои се предвидени во рамки на проектот ќе овозможат подигнување на нивото на услугите за пациентите и посовремени услови за дијагностика. Сето ова ќе придонесе и во насока на подобрување на условите за развој на здравствен туризам, привлекување на што поголем број странски пациенти и промоција на специјалната болница во соседните земји и пошироко.

— реклама —

Климатските погодности на Охридското крајбрежје се вистински благодет за здравјето на луѓето и затоа нашиот регион е идеален за развој на здравствен туризам, но сепак нeoпходен е поголем ангажман и истовремено заедничко делување од сите страни.

Посакувам овој проект да биде појдовна точка за зацврстрување на соработката помеѓу државните институции, министерствата и фондовите со цел поголемо инвестирање заради подобрување на капацитетите, како и поголемо вложување во здравствениот кадар за стручно усовршување.

Но секако потребна е и поголема соработка со туристичкиот сектор за поголема промоција на расположливите потенцијали и привлекување на странски пациенти.

— реклама —

Локалната самоуправа и јас како градоначалник секогаш ќе бидеме подготвени за соработка на ова поле, а во доменот на нашите ингеренции ќе ги поддржиме проектите кои се од големо значење за развој на здравствениот сектор.

Оваа можност сакам да ја искористам и да упатам благодарност до Швајцарската агенција за развој и соработка за поддршкатата на овој проект, како и за целокупната досегашна соработка на проекти кои се имплементирани во Охрид. Се надевам дека и во иднина ќе се родат нови можности за соработка и дека наскоро ќе можеме да промовираме нови проекти кои се во интерес на граѓаните.

— реклама —

Исто така, упатувам благодарност и до Центарот за развој на југозападниот плански регион и Министерството за локална самоуправа за тоа што Охрид секогаш зазема значајно место во проектите за регионален развој.

На искусниот и етаблиран тим на болницата „Свети Стефан“ им посакувам успешна имплементација на проектот и уште поголеми успеси во насока на развој на оваа установа и нејзино издигнување на уште повисока позиција во здравствениот систем, истакна Пецаков во своето обраќање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања