Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Промовирана фотомонографијата „Свето таинство“ на Зоран Вељаноски Летра

објавено пред 8 месеци -

ОО
IMG-78360b44545b7e95d1189ae967f4d9c6-V-1440x1382-1

Денес точно напладне, во охридскиот лапидариум, беше промовирана фотомоногрфијата „Свето таинство“ од охридскиот уметник и фотограф, Зоран Вељаноски Летра. Во ова уникатно дело се поместени 90 уметнички фотографии, проследени со 9 текста на еминенти уметници и професори. Промотор на книгата беше прославениот охридски поет Славе Ѓорго Димоски, кој во оваа пригода истакна:

— реклама —

— реклама —
– Фотозаписите на Зоран Летра се далеку од едноставно (от)сликување на она што е пред (или при) очи, фаќање мигови и физичко пренесување; овде се претставува еден посебен концепт во кој се огледуваат автопоетичките точки на едно фотоистражување на Охрид од повеќе аспекти. Мислам дека тој прави вонреден напор фотографијата сама да се избори за да стане модел на стварноста, природата непосредно да му позира и да му наметнува своја содржина, а тој само да ја надградува со своите знаења и вештина.
— реклама —

 

— реклама —

 

 

Во име на локалната самоуправа, која е издавач на книгата, се обрати заменик градоначалникот Ана Крстеска.

– Чест и задоволство ми е што овој убав септемвриски ден, тука во срцето на Охрид, имам можност да бидам дел од промоцијата на книгата „Свето Таинство“ од уметникот и фотограф Зоран Вељаноски-Летра.

„Свето Таинство“ е издание кое ја слави убавината и не повикува на почит и одговорност, затоа што Охрид е богатство што ни е доверено, а нашата задача е да го чуваме и да го пренесуваме на идните генерации.

Општина Охрид со гордост го поддржа овој проект, затоа што секое вложување во уметноста е поддршка за иднината. Со ова издание, локалната самоуправа уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон уметниците, но и кон зачувување и промоција на нашата културна ризница.

Почитувани, со оваа промоција, не славиме само едно уметничко дело, славиме една визија за Охрид како вечна инспирација, како место каде што уметноста и духовноста секогаш се прегрнуваат.

Во мое лично име и во името на градоначалникот Кирил Пецаков, упатувам искрени честитки до Зоран Летра за ова големо остварување и му посакувам уште многу вакви изданија и уметнички дела, кои секогаш ќе не потсетуваат дека живееме во град кој е самиот по себе – Свето таинство.

Заблагодарувајќи се на присуството на настанот и на сите кои учествувале во креирањето на „Светото таинство“, авторот истакна дека ова е само еден циклус од неговото творештво и изрази уверување дека во иднина заедно со неговите сродни уметнички души ќе ни подари уште многу нови уметнички дела.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhiq71v7g4n3eby7IJJp

Автопатот Охрид–Кичево ќе биде готов до крајот на годинава или почетокот на следната, вели Николоски

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
ujp_smetki

Сметките во Охрид растат до 50%: Поскапуваат услуги и такси-превоз

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfe0g2lkm4rfe5a5Sw20

Охрид добива 200 нови паркинзи: Пецаков очекува новата катна гаража да се отвори до следната туристичка сезона

Македонија | пред 2 седмици

media-library0kp2iu5jcvobbXCM3gM

Нов напредок на патот Охрид–Кичево: Од денес во функција клучката Требеништа

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања