Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Трагедија во црковен двор во Грција: Пронајден мртов 53-годишен член на црковен хор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
police_457542992-1-1021x580

Трагичен настан го потресе Родополис, во близина на Атина, откако во дворот на храмот „Свети Пророк Илија“ било пронајдено безживотното тело на 53-годишен член на црковниот хор.

— реклама —

Мажот бил пронајден во монтажен објект во рамките на црковниот двор, со тешка повреда во пределот на вратот, нанесена со нож. Според првичните полициски наоди, постои сомнение дека станува збор за самоубиство.

53-годишниот маж бил добро познат меѓу локалните верници. Тој бил член на црковниот хор, не бил оженет и немал деца. Поради неговите тешки животни и психолошки проблеми, парохијата претходно му помогнала и му овозможила привремено да престојува во црковниот двор.

— реклама —

Парохискиот свештеник, протојереј-ставрофор Јован Хрисакис, за грчкиот портал eDionysos.gr потврдил дека починатиот бил дел од црковниот хор и дека црквата се обидувала да му помогне во тешкиот период.

— реклама —

„Шокирани сме од неговата смрт. Се чини дека ова е јасен случај на самоубиство. За жал, тој не можел да го издржи тоа и решил да го заврши својот живот на овој ужасен начин“, изјавил отец Јован.

Свештеникот открил дека претходно го упатил кај психолог, а околу две недели пред трагичниот настан му бил закажан и преглед кај психијатар. Сепак, прегледот не се одржал.

— реклама —

„Нека Бог ја упокои неговата душа“, изјавил свештеникот со длабока тага.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 22 часа

— реклама —
tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 1 ден

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 4 дена

police_457542992-1-1021x580

Голема полициска акција во Грција: Криумчареле над 500 мигранти и заработиле најмалку 750.000 евра

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања