Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Пронајден украдениот часовник на Марадона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
indija-casovnik-maradona

Полицијата во североисточната индиска сојузна држава Асам денеска соопшти дека пронашла украден часовник кој некогаш му припаѓал на легендата на аргентинскиот фудбал, Диего Марадона.

Шефот на државната полиција, Баскар Џоти Маханта, изјави дека луксузниот часовник марка „хaблот“ со името на Марадона бил пронајден кај маж кој бил уапсен во неговата куќа во областа Сивасагар, 350 километри источно од Гаухати, главниот град на државата, пренесува АП.

/maradona-casovnik" rel="attachment wp-att-152272">

— реклама —

Полицијата соопшти дека уапсениот работел како обезбедување во компанија во Дубаи која чува предмети од легендарниот аргентински спортист.

Тој го украл часовникот минатата недела, а пред неколку дена се вратил во Индија.

— реклама —

Највисокиот функционер на државата Асам, Химанта Бисва Шарма, рече дека властите ќе поведат правна постапка против човекот.

— реклама —

Марадона (60) почина минатата година од срцев удар по операција на мозокот.

Тој ја предводеше Аргентина до победа на Светското првенство во 1986 година и се смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања