ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Пронајден хероин во автомобил на патарината Сопот, поведена истрага за две лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
heroin-111

Обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Битола за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничените, на возраст од 36 и 34 години, по претходен договор набавиле 20,01 грама наркотична дрога – хероин, која ја сместиле во просторот за воздушното перниче на совозачката страна во автомобил Фолксваген голф со битолски регистарски ознаки. Со автомобилот се движеле по автопатот Скопје-Велес, а на наплатната станица Сопот биле сопрени од овластени полициски службеници. Полицајците при преглед на автомобилот го пронашле хероинот како и 22,45 грама мешавина од парацетамол и кофеин, која се користи како додаток за зголемување на масата на наркотичната дрога.

Ценејќи дека постои опасност од бегство и можност да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за двете осомничени лица. Судијата го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.​​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања