Промени тема
Контакт

Пронајдена дрога кај шест лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
droga-zaplena-marihuana-kokain

На 18.02.2022 во 15.20 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Т.А.(22) од Пробиштип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, капсули, таблети и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.02.2022 во 22.50 часот на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода В.С.(21), Ј.А.(21) и Х.А.(28), сите од Велес, затоа што кај нив била пронајдена и одземена грутчеста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

— реклама —
— реклама —

На 19.02.2022 во 01.50 часот во Градски парк во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода А.Е.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

— реклама —

На 18.02.2022 во 13.00 часот во Градски парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања