Промени тема
Контакт

Пронајдени лавчињата, кумановец заработи кривична

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kuimanovo-lavovi

Министерството за внатрешни работи информираше дека е приведен кумановецот кој кај себе чувал младенчиња од лав, откако реагираа здруженијата за заштита на животните, како и голем број граѓаните, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на луѓе со малите животни.

Службеници од Одделот за криминалистика при кумановската полиција вчера привеле 31-годишник од овој град со иницијали С.А.

— реклама —

За него постои основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено ловење, чување и отуѓување диви животни.

По претходно добиени сознанија за незаконско чување диво животно, полицијата презела активности, а по добиена судска наредба извршила претрес на три локации на подрачјето на Куманово.

— реклама —

Со 31-годишникот бил извршен службен разговор и по насока на јавен обвинител, од страна на СВР Куманово против него е поднесена кривична пријава.

— реклама —

Во врска со овој случај се преземаат и дополнителни активности во насока на негово целосно расчистување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања