Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Просечната нето-плата во мај изнесува 49.544 денари, раст од 8,2 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
k15

Просечната нето-плата исплатена по вработен во Македонија во мај 2026 година достигнала 49.544 денари, објави Државниот завод за статистика.

Според официјалните податоци, во однос на истиот месец минатата година, просечната плата е зголемена за 8,2 проценти, додека во споредба со април годинава бележи раст од 1,6 проценти.

— реклама —

Најголемото годишно зголемување е регистрирано во секторот „Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“, каде што платите пораснале за 11,9 проценти. По него следуваат секторите „Уметност, забава и рекреација“ со раст од 11,3 проценти и „Транспорт и складирање“, каде што платите се зголемени за 10,9 проценти.

— реклама —

Во споредба со претходниот месец, најизразен раст е забележан во секторот „Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“, каде што просечната плата е повисока за 6,3 проценти. Следуваат „Рударство и вадење камен“ со раст од 5,8 проценти и „Транспорт и складирање“ со 5,7 проценти.

— реклама —

Статистичките податоци покажуваат и дека реалната просечна нето-плата во мај 2026 година е зголемена за 5,3 проценти во однос на мај минатата година, што укажува на подобрување на куповната моќ на вработените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

IMG_4387

„Само во Македонија просечната плата е поголема од просечната плата на наставниците“, вели Беќаровски

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања