Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Просечната плата се движи кон 30.000 денари, вели Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
29052021_PVRSM_Zaev_pres-konferencija-1

Првиот човек на Владата, Зоран Заев преку фејсбук сподели податоци, кои, како што вели, покажуваат дека македонската економија е стабилна и развојна.

„Расте просечната исплатена нето-плата по вработен. Во јули годинава просечната исплатена нето-плата по вработен изнесува 28.540 денари и е за 4,8% поголема од истиот месец лани.

— реклама —

Континуираниот раст на платите, е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.

— реклама —

Просечната плата се движи кон 30.000 денари, остануваме посветени на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и на покачување на платите за 20% до 30%, сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.

— реклама —

Покрај растот на просечната плата, бележиме и раст на извозот, рекордна економска активност во индустриските зони и историски пад на невработеноста.

Сите овие податоци покажуваат дека македонската економија е стабилна и развојна“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања