Промени тема
Контакт

Протест пред МВР поради фемицидот во Велес – граѓански организации повикуваат „Ниту една повеќе“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-09-17-at-14.47.11

Утре, 18 септември, со почеток во 17:30 часот, пред главниот влез на Министерството за внатрешни работи ќе се одржи протест, а во 18:00 часот ќе следи блокада кај Жена Парк Борец, како заеднички крик против колапсот на институциите што, како што велат организаторите, дозволуваат континуирано насилство врз жени што завршува со фемициди.

— реклама —

„Ве повикуваме да кажеме јавно и гласно дека насилството врз жените и фемицидите се неприфатливи! Ве повикуваме колективно да ги обжалиме сите девојки и жени кои изминативе години беа убиени од страна на поранешни или сегашни интимни партнери, зашто институциите и заедницата ги игнорирале нивните повици за помош. Ве повикуваме да излеземе на улица – онаму каде што насилниците слободно чекорат и просперираат, додека жените се плашат за своите животи!“, порачуваат од Хелсиншкиот комитет, кој е меѓу организаторите.

— реклама —

Под мотото „Ниту една повеќе“, протестот, според организаторите, има за цел да потсети дека фемицидите на кои им претходи сериозно партнерско или семејно насилство се зголемуваат, а убиството на 31-годишната Росица Коцева од Велес е последен трагичен пример.

„Убиството на Росица, и на сите жени брутално убиени од свои сегашни или поранешни партнери, можеше и мораше да биде спречено, а тие да бидат заштитени. Секој глас е важен. Дојди и кажи гласно дека женските животи не се безвредни!“, велат од Хелсиншки.

— реклама —

Организаторите предупредуваат дека институциите – полицијата, обвинителството, судовите и центрите за социјална работа – не постапиле согласно протоколите за заштита и законските обврски, што резултирало со уште една ненадоместлива загуба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryunl3b12jp8n2cQoBQoe

Денес во 14 часот протестен марш во Скопје по пресудата за Тачи

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg6kv0sdr15otdy2DlCS

Во недела протест во Скопје по пресудата за Тачи

Скопје | пред 2 седмици

detska-klinika

Шест месеци работа без плата и без продолжен договор, вработените од Детска клиника на протест

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryac0v5icv2era1h85iUp

Транспарент „Скопје е со Албанија“ на протест во Скопје, Муамеди реагира: Македонците ќе даваат поддршка, но со знамиња на Македонија

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања