Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Протест за „Монструм“ - Побарано ослободување на осудените, како и на лицата кои беа приведени на претходниот протест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
monstrum-2

Ослободување на осудените во процесот „Монструм“, како и на лицата кои беа приведени, а дел и осудени, поради насилно однесување на претходниот собир одржан на 25 февруари беше побарно од денешниот протест во Скопје организиран во знак на незадовоство од изречените пресуди на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.

— реклама —

Бедри Ајдари од Иницијатигвата за организирање на протестот, во обраќањето побара во земјата да се практикуваат принципите на европското судство, при што, како што нагласи, нема да се прави дискриминација на обвинетите по етничка основа.

За време на протестот кој започна од паркот во Чаир, па по улицата „Цветан Димов“ кон Битпазар и потоа по булеварот „Гоце Делчев“ кон седиштето на Владата, демонстрантите скандираа: „Без правда, нема мир“, „Нашите браќа неправедно лежат во затвор“, „Али предавник“ и „Ние сме автохтони“.

— реклама —

За петкратното убиство кај Смилковското Езеро, Судот на 23 февруари годинава во повторената постапка ги прогласи за виновни и им одреди доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години одреди за Фејзи Азири и единствена казна затвор од девет години за Хаки Азири.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања