Пред Кривичниот суд во Скопје попладнево се одржа протест за поддршка на осудените лица за убиството на Никола Саздовски, кој беше брутално претепан на 29 јуни 2018 година.
Групата демонстранти предводени од роднини на осудените лица и членови на навивачката група „Шверцери“ носеа транспаренти со порака „Не сме извршиле свирепо убиство“, објави 360stepeni.mk.
„Денес заедно со семејствата и пријателите протестираме за правата на нашите пријатели и браќа. Го креваме гласот против неправда. Не бараме ништо повеќе од вистината. Поминаа две и пол години, се надевавме на правда, затоа молчевме. Но, одлуките засновани на етничка припадност не ни оставија простор да се надеваме… Пред две и пол години осудените, не размислувајќи добро, го нападнале покојниот Никола Саздовски и никој не го негира ова. Осудените не сакаа да му го одземат животот, целта беше само физички напад, а кој заврши со случајна смрт. Се случи спонтано, без претходно планирање. Така што, осудените не сакале да му го одземат животот. Тие никогаш не размислувале за убиство, уште помалку за свирепо убиство. Постојат различни докази, но очигледно не сакаат да ги земат во предвид“, порачаа дел од роднините на осудените лица за убиството на Саздовски.
Демонстрантите побараа преиспитување на судската пресуда и преквалификација на делото од свирепо убиство во насилство со смртни последици.
Текстот во целост на:360stepeni.mk.