Иницијативата „Стоп за Вардариште“ ја информира јавноста дека денеска во 18:00 часот повторно ќе одржи протест.
Го преземаме овој чекор поради истекување на рокот од 5 дена, кој го дадовме за започнување на исполнување на итните барања:
• Воспоставување 24-часовен јавно достапен видео-надзор на депонијата Вардариште.
• Воспоставување 24-часовно физичко обезбедување на Вардариште.
• Итно иселување и соодветно згрижување на лицата кои живеат бесправно на територијата на Вардариште.
• Поставување на ограда околу Вардариште.
• Започнување на процес за конечно затворање на Вардариште.
• Откривање и казнување на потпалувачите и организаторите на пожарите.
• Ригорозни мерки против граѓани и правни субјекти кои ќе продолжат да фрлаат отпад во Вардариште.
Барањата беа доставени до претседателката на Македонија, Владата на Македонија, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за внатрешни работи, Министерство за социјални политики, демографија и млади, Град Скопје, Општина Гази Баба и Општина Аеродром. До сега, не добивме одговор од ниту една институција.
Ги повикуваме сите граѓани да ни се приклучат бидејќи чист воздух е приоритет за сите нас.
Утринава имаше блокада на мостот на мостот „Близнаци“ кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба.