Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Протести во Мадрид поради мигрантите во Сеута, бараат оставка од Санчез

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library02i35qhog8thag61W4q

Илјадници луѓе со шпански знамиња денеска излегоа на улиците во центарот на Мадрид, протестирајќи против начинот на кој владата на премиерот Педро Санчез се справува со состојбата во шпанската енклава Сеута во северна Африка.

— реклама —

Протестот го организираше конзервативната платформа „Sociedad Civil Española“ под мотото „За достоинството и одбраната на Шпанија“. Демонстрантите побараа оставка од премиерот и распишување предвремени парламентарни избори.

— реклама —

На протестот присуствуваа и лидери на опозициските десничарски партии, Народна партија (PP) и Вокс. Лидерот на Вокс, Сантијаго Абаскал, пред насобраните изјави дека Сеута и понатаму се соочува со сериозна состојба и упати остри критики кон владата на Санчез.

Демонстрантите се упатија кон Триумфалната капија, во близина на зградата на владата, во период кога прашањето за состојбата во Сеута предизвикува засилени политички и општествени реакции.

— реклама —

Во Сеута и понатаму има голем број мигранти кои пристигнале во градот за време на масовниот прилив кон крајот на јули. Околу 8.300 мигранти се сместени во различни прифатни центри, додека се проценува дека околу 4.000 и понатаму престојуваат на улиците и плажите.

— реклама —

На почетокот на септември, за време на официјалниот Ден на Сеута, илјадници луѓе протестираа на повеќе места низ Шпанија во знак на поддршка на жителите на енклавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp5vijcf63f2b8Nf9qT8

Трагедија во Шпанија: Фудбалерот Хесус де Мигел почина по судир со противничкиот голман

Спорт | пред 2 дена

— реклама —
media-library6rbqp6vc9ncddm8MVrW

Санчез најави помош за семејствата на загинатите во железничката несреќа во Шпанија

Свет | пред 3 дена

media-libraryvumr28dd58mi77u4krE

Идентификувани 56 од 69 жртви во железничката несреќа во Шпанија: За преостанатите 13 е потребна меѓународна соработка

Свет | пред 4 дена

media-library5e1itph0ilhsbja7a8p

Шпанскиот министер одбива да поднесе оставка по судирот на возовите со 69 загинати

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања