Промени тема
Контакт

Против компанијата чиј автобус се запали, годинава четири кривични пријави за непочитување на ковид протоколите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20211123094006

Против превозникот „Беса Транс“, чијшто автобус ноќеска имаше сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица, Државниот инспекторат за транспорт годинава поднел четири кривични пријави за непочитување на протоколите за Ковид-19 за јавен превоз на патници, потврди за МИА директорот на ДТИ Руфат Хусеини.

Министерството за транспорт и врски претходно соопшти дека „Беса Транс БТБ“ со адреса на улица 1 број 1 во село Рашче, Скопје, имала важечка лиценца до 8 август следната година.

— реклама —

– Кон барањето е доставена целокупната документација согласно член 8 од Законот за превоз во патниот сообраќај, со што превозникот ги исполнил условите предвидени во Законот и му е издадена лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници. Со барањето за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, превозникот ги исполнил условите за добивање на лиценца и издадена му е лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници со сериски број 007017 со важност од 08.08.2018 година до 08.08.2022 година. Од тој момент превозникот се нема обратено до Министерството за транспорт и врски, Сектор за патен сообраќај, со поднесено барање за добивање на извод од лиценца за ново набавено возило, соопшти Министерството за транспорт и врски.

— реклама —

Компанијата досега немала сообраќајни незгоди, но како што изјави шефицата на ОЈО Вилма Рускоска, мора да се провери соодветната документација за техничката состојба на автобусите. Според првичните информации, автобус бил нов и во функција е само три години.

— реклама —

Автобусот со македонска регистрација влегол во Бугарија од Турција преку граничниот премин „Капитан Андреево“ нешто по 21 часот, а несреќата се случила околу 2 часот по македонско време на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања