Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Против Ристеска - обвинителката која го го „спакува“ Мијалков, гласаа 7 од 11 члена на Советот на јавни обвинители, таа е разочарана од одлуката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
lence

Против промоција на Ленче Ристоска во виш јавен обвинител гласаа 7 од 11 члена на Советот на јавни обвинители: државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, тројцата членови Албанци – Иџет Мемети, Фаик Арслани (и двајцата поранешни министри) и Арбер Исаку, поранешниот претседател на Советот, Коле Штерјев, како и членовите Јасна Жежова и Ангел Солев, објави 360stepeni.mk.

— реклама —

Обвинителката што го истурка до пресуда предметот „мајка на сите предмети“ против ексдиректорот на УБК, во изјава за „360 степени“ вели дека е разочарана од одлуката, по работата на предметите на СЈО и пофалбите од „Еуроџаст“ (Агенцијата на ЕУ за соработка од областа на кривичното право).

Пред два месеца цела домашна јавност беше „залепена“ пред екраните. Оној чие име до пред неколку години не смееше да се изговори, ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, ја чекаше првостепената пресуда во предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“. Во преносот во живо сите слушнаа како некогаш семоќниот Мијалков доби 12 години затвор.

— реклама —

Сликата што ќе остане врежана во колективната меморија од ова судење е како Мијалков заминува кон „марицата“, со која беше префрлен во затворски притвор во затворот во Шуто Оризари.

Она што најголем дел од јавноста веќе го заборави е дека одењето на Мијалков во Шутка, а веројатно и во затвор, професионално го одработи Ленче Ристоска, обвинителка од поранешното СЈО. Таа беше највидливата од тројца обвинители во предметот и токму таа побара Мијалков да оди во затворски притвор откако му беше изречена пресудата од 12 години. Не смее да се заборави дека Мијалков дојде да си ја слушне пресудата за „Таргет-Тврдина“ од домашен притвор, иако претходно беше во бегство.

Текстот во целотс на:  360stepeni.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања