Возилата на Противпожарната единица во Тетово не се сменети цели 17 години. Последен пат ваква набавка била извршена во 2005 година. Станува збор за летни пневматици кои се користат без разлика на годишното време, објави Алсат.
Континуирано се упатуваат барања со години, но никогаш не е добиен позитивен одговор.
„Точно е дека гумите на специјалните возила мора да се заменат, бидејќи откако ги добивме овие возила, гумите никогаш не биле заменети. Барањето го упативме до надлежните органи и верувам дека ќе наидам на позитивни вести и овие гуми ќе се сменат“, изјави Ука Алити, раководител на противпожарно.