Протуѓер откри дека Груевски сакал да живее во Сопштие, ама купил плац на Водно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
grujo-1

Мартин Протуѓер, еден од најблиските соработници на поранешниот премиер Никола Груевски, денеска сведочеше за предметот „Плацеви на Водно“. Тој од 2008 до 2011 година бил генерален секретар на партијата, но рече дека не водел сметка за финансирањето на партијата, туку дека тоа било обврска на разни органи во партијата, пишува Фокус.

— реклама —

Протуѓер одговараше и на прашања поврзани со тоа дали некогаш со Никола Груевски разговарале за купување, продавање или земање под закуп на имот.

— реклама —

-Би сакал да појаснам дека од 2005 година имавме коректен однос. Сме дискутирале на најразлични теми поврзани со секојдневниот живот, од политички до приватни теми.

— реклама —

Се сеќавам дека во повеќе наврати зборувавме за тоа кој каде би сакал да живее по завршување на мандатот. Му велев дека цел живот живеам во стан и не би менувал. Но тој и покрај тоа што исто така што живееше во стан, рече дека сака да живее во куќа, рече Протуѓер.

Тој откри и дека Груевски му кажал дека сака да живее во Сопиште.

-Често пати зборувавме и за локации, која е најдобра за живеење. Лекарите заради некои хронични состојби му препорачуваа да живее на повисоко место. Беше некако запнат за локација како Сопиште итн. Сакаше да живее во куќа, мислеше дека така ќе најде мир, рече сведокот.

Повеќе

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања