На 28 септември 2026 година, понеделник, поради изведување водоводен приклучок од ф-150 мм на булевар „Видое Смилевски-Бато“, кај Полициската станица, ќе има прекин во водоснабдувањето.
Без вода од 08:00 часот, па сè до завршување на работите, ќе останат корисниците од булевар „Видое Смилевски-Бато“ во Општина Аеродром.
Информацијата е објавена од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.