Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Проверете: Поради снегот во Скопје, повеќе автобуски линии нема да возат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
49599779_277305376296982_3090305376940195840_n-2

Поради снегот денеска во Скопје повеќе градски и приградски автобуски линии се скратени. Не сообраќаат автобусите до Средно Водно и до Нерези (Македонско село) и приградските линии 64, 74, 80 а и 81.

Како што соопшти ЈСП „Скопје“, од приградските линии автобусот со број 58 место до селото Добри Дол сообраќа до општина Сопиште. Автобусите со број 11 и 11а сообраќаат до Дексион рампа, 18 а до црквата во Визбегово, а 32 до Сарај.

— реклама —

Автобусот со број 47 сообраќа до крстосницата во село Љубанци, а 47 а до влезот на селото Љуботен. Автобусот со број 51 а сообраќа до мостот во Моране, 53 до селото Катланово, 55 б до крстосницата во Арачиново, а 55 в место до Грушино оди до депонијата.

Автобуската линија со број 56 место до селото Бојане сообраќа до патот за Бојане (Расадник), 56а до патот за Копаница (подвозник), 60 место до Матка оди до селото Шишево, 64а место до Никиштани сообраќа до Орман.

— реклама —

Автобусот со број 70 место до Батинци сообраќа по новиот пат до Дризла, 71 кој сообраќа до селото Бањани денеска оди по коцката, во двата правци. Автобусот со број 160 сообраќа до селото Шишево, 164 за Кучково не соообраќа, а за Никиштани оди до Орман, 165 не сообраќа само за селото Виниче, 167 не сообраќа само за Страхојадица, а 180 оди до патот за Маркова река.

Граѓаните за детален преглед на скратените линии може да ја посетат веб-страниацта на ЈСП „Скопје“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања