Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

„Прв до врв“ во Скопје – посебен сообраќаен режим поради спортскиот настан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-library1fmniemn36qef2H9Gji

На 17.05.2026 (недела), во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ – Скопје, ќе се одржи четиринаесеттото издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан насловен како „Прв до врв“.

— реклама —

Во рамки на настанот ќе се реализира велосипедска трка со почеток во 09:45 часот, со траса на движење од пред Музеј на град Скопје по ул. „Св. Кирил и Методиј“, лево по бул. „Св. Климент Охридски“, право по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Тодор Александров“, а потоа по локалниот пат кон Средно Водно и до врвот на Водно (Милениумски крст).

— реклама —

Воедно, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи и планинарска тура, која ќе стартува пред ООУ „Кочо Рацин“ на бул. „Мајка Тереза“, ќе продолжи по ул. „Тодор Александров“, а кај ул. „Салвадор Аљенде“ учесниците ќе се движат десно по планинската патека кон Средно Водно и понатаму кон врвот на Водно (Милениумски крст).

— реклама —

Поради одржувањето на настанот, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел непречено и безбедно реализирање на истиот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfpq1ud7mj7ivaf0QRzn

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради натпреварот Македонија – Шкотска

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-library1fmniemn36qef2H9Gji

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Урсула фон дер Лајен

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfpq1ud7mj7ivaf0QRzn

Утре посебен режим на сообраќај околу арената „Тодор Проески“ во Скопје

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryr8299o9obh09bOEntd7

Посебен режим на сообраќај во Скопје од денес до 23 јули поради посетата на индиската претседателка

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања